Со фотографиите ги убедила дека е на Бали, а ги снимила во локалната ИКЕА

Инстаграм ѕвезда покажала дека не треба да веруваме на се што ќе видиме на социјалните мрежи.

Американската инфлуенсерка Наталиа Тејлор, признала дека ги излажала своите фанови дека била на Бали, иако никогаш не патувала во Индонезија, а нејзините фотографии настанале во локалната продавница на ИКЕА.

Тејлор, која има повеќе од 310 илјади следачи на Инстаграм, објавила неколку фотографии кои изгледаат како да настанале во луксузна хотелска соба, со кои назначила локација Бали.

View this post on Instagram

The queen has arrived 🌊💖 #bali

A post shared by Natalia Taylor (@natalia__taylor) on

„Кралицата пристигна“,напишала со првите фотографии, а потоа објавила уште неколку.

Фановите во коментарите пишувале комплменти, а некои дури и споделиле свои искуства од Бали и ѝ препорачувале што треба да посети.

Подоцна на Јутјуб, Тејлор признала дека сите фотографии настанале во ИКЕА. Објаснила дека сака да се пошегува со следачите да види дали ќе поверуваат дека е навистина на одмор.

„Кажано е дека се што се гледа на интернет не секогаш е она што се чини дека е, особено не во денешно време кога е многу лесно да се преправате дека сте кој и да посаката“, рекла Тејлор.

Таа додала дека ја одбрала ИКЕА бидејќи секогаш била импресионирала како е уреден просторот таму, но и сакала да види колку фотографии може да направи пред да ја избркаат или работите да станат пречудни.

За време на фотографирањето ги извадила или сокрила цените од артиклите, иако неколку оставила за оние кои обрнуваат внимание. За да го направи лажното патување вистински, за на кратките приказни на Инстаграм, користела лажни снимки од интернет.

Повеќето од нејзините фанови не забележале ништо, иако имало и такви кои се посомневале во вистината.

View this post on Instagram

Tea isn’t the only thing I drink.. 😉🥂

A post shared by Natalia Taylor (@natalia__taylor) on

„Немаше поента да објавуваш толку фотографии од внатрешноста на едно такво место“, коментирал некој.

Тејлор открила дека се почувствувала лошо бидејќи ги излажала фановите, но вели дека нејзиниот „предизвик“ ја докажал поентата.

„Немојте да верувате во се што ќе видите на интернет. Понекогаш луѓето сакаат да лажат за тоа каква личност се. А се чини дека не е тешко“, рекла Тејлор.

Слични содржини