Премиерот на РСМ, Зоран Заев денеска стакна дека со коалициските партнери од албанските партии се договориле да се поддржуваат во првиот или вториот круг во зависност од тоа со колку кандидати ќе настапат.
– Таму каде што сите ќе имаме кандидати, граѓаните ќе ни кажат кој и каде ќе добие шанса за втор круг. Тогаш ќе се поддржиме во вториот круг, веројатно во спротивставеност со опозиционите кандидати. Тоа ја јакне коалицијата, го чува мултиетничкиот карактер на државата. Заедничкиот настап на сите партии, на сите етнички заедници е уникатен и треба да го чуваме и негуваме, рече Заев.