„Со крвави раце парите ги броите“: Марш во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

од Milan1
695 прегледи

Вечерва во Прилеп повторно се одржа мирен солидарен марш за жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Младите со транспаренти маршираа изразувајќи солидарност и поддршка за жртвите и повредените од пожарот кој се случи минатата недела.

На транспарентните можеше да се прочита „Мртвите најгласно молчат“, „Со крвави раце парите ги броите“, како и стихови од песни меѓу кои и стихот на Архангел „Купен мир и тишина, пострашни од војна“.

Според организаторите на маршот, Прилеп и вечерва „покажал солидарност истакнувајќи заедништво, емпатија и гласно сведоштво дека не смее да има заборав“.

Слични содржини