240
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР-Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од Скопје, осомничен за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци”.
Имено, пријавениот неовластено задржал лична карта на негов пријател и искористувајќи ја физичката сличност со него и претставувајќи се во негово име, на шалтер во филијала на банка во општина Бутел од неговата трансакциска сметка подигнал 50.000 денари, информираат од МВР.
Пријавата против скопјанецот е поднесена од страна Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје.