Есента и почетокот на зимата, кога времето секој ден е променливо, а вирусите и бацилите распространети, е „одличен“ период за разболување. Затоа треба да поработите на имунитетот.
Лимонот и ѓумбирот се познати како најефикасните природни производи кои ја подигнуваат енергијата и го зајакнуваат имунитетот.
Внесувајте ги преку овие три рецепти:
Пијалак од ѓумбир
Потребни ви се едно јаболко, сок од два лимона, парче ѓумбир и куркума. Изблендирајте ги состојките и разредете со сосема малку вода. Пијте го овој пијалак 3 пати неделно.
Чај од лимон со јаболков оцет
За овој рецепт ви се потребни вода, парче лимон, две лажици јаболков оцет и по желба мед. Измешајте ги оцетот и медот, прелејте со 200 мл млака вода и ставете парче лимон.
Еликсир од ѓумбир
Поголемо парче ѓумбир излупете го, исечете го на парчиња, ставете во тенџере и прелијте со 300 мл вода и ставете да се вари додека да зоврие. Оставете да се олади околу 10 минути и додадете сок од половина лимон, малку бибер и куркума, а по желба можете да ставите и мед.