2,4K
По последните три сезони во шпанскиот фудбал без Кристијано Роналдо и Лионел Меси, претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас е веќе воодушевен.
Ова главно се должи на потписот на суперѕвездата Килијан Мбапе од Реал Мадрид, кој би требало да го зголеми интересот за шампионатот.
„Нашето првенство ќе биде многу интересно. Во Реал се Мбапе, Винисиус и Белингем, додека Барселона ги има Јамал, Гави и Педри. Битката ќе биде сериозна“, изјави задоволниот Тебас, цитиран од „Оле“.
„Откако Мбапе потпиша пет сезони со Реал, сега ќе има пет можности да ја освои Лигата на шампионите“, додаде директорот на фудбалската лига.
#WelcomeMbappé pic.twitter.com/kAhxdEjnLA
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 3, 2024