Со мопед излетал од коловоз, тешко повреден малолетник

од Берта Китинска
302 прегледи

Вчера околу 05.00 часот во штипската полиција било пријавено дека на улица „Борис Кидрич“, мопед со штипски регистарски ознаци, управуван од малолетник, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.