Министеркта за одбрана, Радмила Шекеринска објави вапцани јајце со мотиви од пандемијата со коронавирусот. На сликата има две јајциња кои личат на доктори и едно јајце што личи на вирусот.
https://www.facebook.com/sekerinska/photos/a.10151682409245163/10156757148695163/?type=3&theater
-Велигден во време на корона: јајце-вирус и јајца-доктори. Во кутија од бајадери. И на хероите им треба малку чоколадо, напишаа таа на Фејсбук.
Во денешната честитка по повод Велигден, таа ги објави и другите јајца кои вапцала за празникот.