Со новиот Закон ќе се направи дистинкција меѓу дипломатите и административните службеници

од Берта Китинска
265 прегледи

Министерот Бујар Османи денеска информираше дека започнува јавната расправа за нацрт Законот за надворешни работи што го изготви работна група на МНР.

-Со новиот закон се јасно прецизирани надлежностите на Министерството, Владата и претседателот на државата, како и односите меѓу овие институции.Само државјани на Република Северна Македонија ќе можат да бидат избрани за шефови на ДКП и амбасадори.Согласно новиот Закон ќе се воведе јасен систем на кариера, со дистинкција меѓу дипломатите и административните службеници. Дипломатите ќе бидат посебна категорија и тие ќе се вработуваат преку мерит-систем, додека административно-техничките служби ќе продолжат да се водат согласно одредбите од Законот за административните службеници, од кој пак ќе се изземат дипломатите, изјави Османи.