Иако многумина не размислуваат веднаш на некои од овие работи, всушност тие би можеле да бидат клучни за успехот односно неуспехот на потенцијалните врски.
Доста мажи вината ја префрлуваат на жените и истакнуваат дека таа е виновна за лошиот состанок, но често вината лежи токму во нив.
Ова се некои од главните грешки кои ги прават мажите, а со нив ги бркаат жените од себе.
Давање глупи надимаци
Почитот е една од примарните работи кои ги бара но и заслужува секоја жена. Токму затоа, давањето надимаци кои се делумно навредливи или неумерени во било која фаза од врската не се пожелни и најверојатно ќе предизвикаат негативна реакција од другата страна.
Комуницирање исклучиво преку пораки
Постои голема веројатност дека мажите кои не сакаат да разговараат, туку само се допишуваат се исклучително мрзеливи или истовремено заведуваат неколку девојки. Истражувањето на една американска страница, дошле до заклучок дека луѓето кои само се допишуваат, без исклучок, послабо се поврзуваат отколку луѓето кои разговараат преку телефон или во живо.
Постојаното поправање на другата личност
Доколку сакаат да се покажат интелигентни, но во тоа и не е баш сигурен, мажот ќе се прави паметен и постојано ќе ве исправува, дури и најмалата грешка која ќе ја изговорите. Тоа навистина никој не го сака.