Приведен жител на селото Доленци, Демирхисарско, кој со автомобил удрил во двајца полициски службеници, информира полицијата.
Според нив, на 21.02.2022, околу 08:00 часот на патот Битола-Ресен, И.Ѓ.(41) од Росоман со возилото „пежо“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив.
-Набргу откога бил запрен, со остар предмет повредил полициски службеник, кој извршувал службени дејства. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.