Со почнување на преговорите нема да тече мед и млеко по улиците и нема да врнат пари од Брисел, рече премиерот

од Nikola Popovski
135 прегледи

Со многу работа и многу труд. Јас сум навикнат како човек напорно да работам, многу да работам и кога човек работи чесно и многу се труди, резултатите ќе дојдат. Ако мислите вие дека со почнувањето на преговорите, мед и млеко ќе почне да тече по улиците и парите од Брисел ќе почнат да врнат – се лажете, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање „од што ќе живеете“ откако се поизвесно е дека Македонија и понатаму ќе остане во „чекалната“ и нема да ги почне преговорите со ЕУ.

Според премиерот, „претходната Влада го ограбувала народот и има пари многу повеќе, а моментално се раздолжуваме со две милијарди денари“.

-Имате девијатни однесувања кога се ограбувал народот со пет милијарди денари, кога се ограбувале пензионерите, ЕЛЕМ и кога недостасуваат пари на сметката на Владата… Не сум навикнат работите да ми паѓаат од небо, туку многу да се трудам за да ги заслужам. Јас сум борец и ќе се борам, додаде Мицкоски.

Слични содржини