Со помош на Барса: Дортмунд се пласираше во елиминациите на ЛШ

од Vladimir Zorba

Борусија Дортмунд се квалификуваше за елиминациите во Лигата на шампионите, совладувајќи ја Славија Прага со 2:1 во натпревар од групата „Ф“, одигран на „Сигнал Идуна парк“.

„Жолто-црните“ добија голема помош од Барселона, кои го совладаа со 2-1 како гостин Интер.

Така, Дортмунд освои 10 поени и заврши на второто место. Славија е на дното со два бода, а Интер (7 бода) оди во Лигата на Европа.

Интер испадна од Лигата на шампионите, откако загуби со 1:2 од Барселона на „Меаца“. На „нероазурите“ им требаше убедлива победа за да завршат пред Борусија Дортмунд и имаа среќа Каталонците да пристигнат во Милано без нивната голема sвезда Лионел Меси.

Сепак, Карлес Перез им донесе предност на Каталонците во 23-тата минута, а во 44-тата, Ромелу Лукаку изедначи. На крајот од дуелот, „нероазурите“ притиснаа силно, но два гола на Лаутаро Мартинез беа поништени во последните минути поради офсајд. Така се стигна до 87 минута кога резервата Ансу Фати стана најмладиот стрелец во Лигата на шампионите и го исфрли Интер од Лигата на шампиони.

Така Барселона ја заврши групата Ф со 14 бода по 4 победи и 2 реми. Борусија Дортмунд заврши на второто место со 10, откако дома ја совлада Славија Прага. Интер оваа пролет ќе игра во Лигата на Европа, откако освои 7 бода од 6 одиграни натпревари.

Резултати од ЛШ, 6 коло:

Група „Е“:
Наполи – Генк 4:0
Салцбург – Ливерпул 0:2

Група Ф:
Борусија Дортмунд – Славија Прага 2:1
Интер – Барселона 1:2

Група „Г“
Бенфика – Зенит 3:0
Лион – РБ Лајпциг 2:2

Група „Х“
Ајакс – Валенсија 0:1
Челзи – Лил 2:1

Во следната фаза одат Наполи, Ливерпул, Барселона, Борусија Дортмунд, РБ Лајпциг, Лион, Валенсија и Челзи. Останатите учесници во осминафиналната фаза ќе бидат познати по утрешното одигрување на натпреварите.

Слични содржини