Хипнозата е состојба на свест во која луѓето се подготвени, повеќе од вообичаено, да ги следат упатствата и да ги складираат често и трајно во мозокот. Првиот ден на хипнозата беше прославен во 2006 година во чест на ирскиот хипнотерапевт Џек Гибсон, кој ја користеше како алтернатива на анестезијата.
Со хипноза, луѓето престануваат да пушат, решаваат здравствени проблеми, го олеснуваат породувањето и им помага да ослабат. Таа смирува, води кон некој „друг“ простор и ги менува навиките. Единствено важно е да се опуштите.
Најлесно е да се хипнотизираат луѓето кои имаат високо ниво на концентрација, а оние со строго дефинирани навики, склони кон рутински и „ограничени“ ставови се најотпорни на хипноза, велат научниците од Универзитетот Стенфорд. Тие пред неколку години открија дека околу 25 отсто од луѓето е невозможно да се хипнотизираат, а пациентите кои лесно се хипнотизираат во приватниот живот обично носат брзи одлуки, имаат широки полиња на интерес и голема моќ на концентрација.
Кај луѓето кои се спротивставуваат на хипнозата, постои слаба врска помеѓу мозочните региони одговорни за фокусирање и приоритизирање, а овие разлики беа потврдени со слики од магнетна резонанца на мозокот за време на хипнозата, кои открија дека повеќето активности се одвиваат во делот одговорен за донесување одлуки.
-Луѓето кои лесно се хипнотизираат се оние кои лесно можат да замислат дека тоа влијае на нив, а во исто време да се концентрираат и да игнорираат работи од околината кои им пречат – вели водачот на студијата, др. Дејвид Шпигел.