Со помош на кондом стигна до бронза на Олимписките игри! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
413 прегледи

Натпреварувачка од Австралија стигна до медалот на Олимписките игри со неверојатен трик.

Австралиската кајакарка Џесика Фокс освои бронзен медал на Олимписките игри во Токио, иако имаше голем проблем пред најважната трка. Оштетувањата на нејзиниот кајак, со помош на нејзиниот тим, ги санираше со кондом!

Се било документирано и споделено на социјалните мрежи, а кондомот се покажал како одличен додаток на кајакот што ја доведе Џесика до медалот.

Оваа необична поправка се случила непосредно пред финалето, кога кајакарката и нејзиниот тим сфатија дека немаат време подетално да ја поправат штетата.

„Се обложувам дека не знаевте дека кондомите може да се користат за поправка на кајак“, стои на фотографијата од поправката. Таа објасни дека кондомот бил „многу растегнат и силен“, што е потребно за врвот на нејзиниот кајак.

Членовите на нејзиниот тим извлекоа кондом над врвот на кајакот, кој требал да ѝ помогне на Џесика Фокс да лизга низ водата за време на последната трка. Трикот профункционирал, а таа стигнала до медалот!

Слични содржини