Со помош на магдонос добијте чист и блескав тен

од desk4
255 прегледи

Затнувањето на порите претставува голем естетски, но и козметички и здравствен проблем, кој не може да се остави да помине сам од себе.

За среќа, постојат многу козметички производи, но и алтернативни природни начини да ги исчистите порите и вашиот тен да изгледа изедначено и блескаво.

Магдоносот е растение што има својство да ги стеснува порите. Сварете силен чај од магдонос, оставете го да се олади и потоа потопете памучна крпа во него. Држете ја крпата на лицето 15-20 минути.

Исто така, можете да применувате и третман со пареа за проширување на порите. Додадете магдонос во водата и парете го лицето 10 минути.

Благодарение на магдоносот нечистотиите многу полесно ќе излегуваат и нема да има потреба да применувате голема сила во истиснувањето.

Слични содржини