Со помош на овие трикови ослободете се од досадните инсекти и други домашни штетници

757 прегледи

Со појавата на несаканите штетници во домот, животот станува неподнослив. Го уништуваат намештајот и облеката, ја расипуваат храната и ги плашат децата и животните. Понекогаш се појавуваат на неочекувани места. Секој вид на штетник бара различен пристап и начин на реагирање. Тешко е да ги запомнете сите, но гоа неповиканите гости ќе се појават, брзата реакција е клучна.

Овие едноставни и делотворни трикови ќе ви помогнат во борбата со досадните и најчести штетници.

Глувци

Глувците се многу поголеми од инсектите и не можат да се провлечат низ ситни отвори. Затоа, доколку најдете глушец под својот кревет, најнапред мора да откриете како влегол во станот и тој премин да го затворете. Можете да поставите и замки за фаќање. Бидете внимателни, овие уреди можат да бидат опасни во дом каде живеат животни и мали деца.

Мравки

Мравките се најчести штетници во домот. Се појавуваат за да се нагостат со нашата храна. Прво нешто на кое што морате да обрнете внимание, е тоа храната да е добро спакувана и изолирана, да не се чува предолго, а исто така и ѓубрето редовно да го фрлате. Доколку мравите немаат што да јадат, нема долго да се задржат во вашата кујна. Мрвите исто така мразат пудра за бебиња. Ставете малку пудра по ѕидовите и тоа би требало да ги сопре.

Муви

Доколку почнете да чувствувате дека мувите стануваат дел од вашето смеејство, тогаш би требало да купете мрежа против комарци. Понекогаш, монтирањето, може да биде проблематично, но импровизирајте.

Пајаци

Можеби знаете, а можеби не, но пајаците играат многу важна улога во земјоделството и екосоставот на планетата. Значи, доколку е возможно, немојте да ги убивате, туку обидете се да ги исфрлите од домот. Најлесен и најделотворен начин за нивно спречување, е поставување мрежа. Постои и народен лек, во секоја соба ставете неколку костени. Науката се уште не потврдила како делува овој метод, но нашите претци забележале дека пајаците се плашат од костени.

Крлежи

За разлика од претходните штетници, крлежите претставуваат вистинска закана по вашиот живот. Доколку живеете во близина на парк или шума, еден ден би можеле да ги најдете во својот дом. Штом ќе се случи тоа, добро прегледајте се себе, семејството и животните и направете ги неопходните тестови на доктор. Ќе ви бидат потребни одредени хемикалии за да го исчистите домот. Најдобро би било да се обратите до специјализирана служба која ќе ви помогне.

Молци

Доколу во вашиот ормар се наоѓа крзнен капут, веројатно би требало да се загрижите однапред затоа што молците се хранат со крзно и други ткаенини. Обидете се да не оставате валкана облека во својот ормар бидејќи молците се привлечени од мирисот на пот.

Најдобар лек е лавандата, ловоров лист, темјан.. оваа мешавина ставете ја на една од полиците. Се смета дека молците не го поднесуваат мирисот на билки.

Змии

Змиите се најтешки за отстанување. Хемикалиите не помагаат и истите мора да се отстранат физички. Не правете ништо додека не се уверите дека е сигурно. За да ги отстранете, можете да користете метла или стап. Дебелите ракавици би можеле да бидат од помош, доколку се плашете да ги фатете со голи раце. Доколку се сомневате дека змијата е опасна, не ризикувајте- покријте ја со ќебе или канта и доколку е возможно викнете помош од професионалци.

Лебарки

Валканите садови оставени на мијалникот, трошки на подот, остатоци од храна и празни конзерви се најатрактивните работи за лебарките. Луѓето со години користат лимонов сок за борба против овие бубачки и тоа по ќошевите и местата каде најчесто се појавуваат.

Одржување на чистотата и хигиената во кујната и станот е најважно во борба против овие, но и многу други штетници.

Слични содржини