Со прошетки во природа против стрес и анксиозност

од desk4
401 прегледи

Секоја прошетка носи голем број придобивки, почнувајќи од физичката активност, па сè до релаксирањето и енергизирањето како на телото, така и на менталната состојба.

Pixabay

Ендорфинот е наречен уште хормон на среќата, се лачи во поголеми дози кога сте активни, па затоа при ваквите релаксирачки прошетки ретко кога ќе почувствувате умор, а двојно ќе го зголемите ефектот врз физичкото здравје, поради лесното ослободување од стресот.

Вашите миленици обожаваат да се галат со вас, па зошто да не го правите тоа надвор наместо дома? Доколку имате куче, таа прошетка може позитивно да влијае и на вашето и на неговото здравје. Според научните сознанија, вашето милениче и неговата блискост исто така влијаат врз лачењето на ендорфинот, па затоа и уште ги нарекуваме природни носители на добро расположение.

Исто така, постојат докази дека луѓето кои чуваат домашен миленик се помалку склони кон депресивни и стресни состојби. Затоа, дајте си го најдобриот природен третман на самите себе – гушкајте го вашиот миленик и редовно шетајте (земајте го миленикот со себе, доколку е тоа возможно). Во иднина, од ваквите активности можете да имате само бенефит.

Слични содржини