Рекордна парична казна за тимот на Локомотив (Москва) ќе треба да плати полудефанзивецот Дмитриј Тарасов. Фудбалерот е санкциониран со 300 илјади евра поради … маица.
По одиграниот во вторникот натпревар од елиминациската фаза на Лига Европа меѓу рускиот тим и Фенербахче во Истанбул, Тарасов остана јазабележлив по маичката со ликот на претседателот Владимир Путин на која имашр натпис: “Најголемиот претседател!”.
По последниот судиски сигнал Тарасов го соблече дресот и тргна кон соблекувалната. Долу сепак тој остана со маичката на која имаше слика на Владимир Путин со воена униформа.
Тарасов претрпе ѕверски свирежи од турските навивачи. Публиката на “Фенербахче” се смета за една од најпознатите диви и своеволни групи во земјата, затоа сите тимови се срамат од гостувањата на стадионот “Шукрју Сарадџоглу”.
На аеродромот во Москва Тарасов негираше дека гестот му бил политички и дека е поврзан со соборувањето на рускиот авион покрај воениот конфликт во Сирија.
Атеизмот е нормален за човекот, колку религиозноста
“Идејата беше моја и нема никаква политика во неа. Јас сум патриот, а Путин е голем претседател, што и беше напишано. Ја покажав дури по крајот на натпреварот, кога отидов да ги поздравам нашите фанови. Сум ја носел и предходно, но на никого не правеше проблем. Сега се отвори случај, бидејќи натпреварот беше во Турција “, објасни тогаш халфот.
Шефовите на клубот останале прилично разочарани од активностите на фудбалерот, особено на позадината на влошените политички односи меѓу Русија и Турција, и му ја наметнале најсолената казна во историјата на Локо – 300 илјади евра и лишување од бонуси за добри перформанси во текот на месец февруари.
Европската фудбалска централа исто така ќе преземе мерки против активностите на Тарасов и клубот. Одлуката се очекува да биде објавена на 17 март.
