Со предлог-ребалансот за буџетот кај поголемиот дел од државните институции има кратење на средствата од буџетската каса, но тоа не е случај со Уставен суд, Министерство за внатрешни работи како и со Агенција за контраразузнавање.
Па, така на пример во буџетот за 2016 година предвидените средства за Уставен суд се 35.945.000 денари, а со предлог ребалансот таа сума изнесува 36.645.000 денари.
Во буџетот за 2016 години предвидените средства за Агенцијата за разузнавање се 180.105.000 денари, а со новиот предлог-ребаланс предвидени средства за оваа институција се 206.106.000 денари. Тоа е зголемување за 26 милиони денари , односно речиси половина милион евра.
Повеќе пари се предвидени и за МВР. Со буџетот за 2016 година таа сума е 10.823.790.000 денари, а со предлог-ребалансот 11.089.290.000 денари.
BalkanInsight: Повторно ќе се прочистува Избирачкиот список
На Државната изборна комисија буџетот и е скратен за околу 400 милиони денари, па од предвидените 531.375.000, со предлог-ребалансот таа сума е намалена на 103.875.000 денари.
Скратени се и средствата за Владата па така од предвидените 1.491.628.000 денари, со предлог ребалансот предвидени се 1.295.528.000 денари.
За Собранието се предвидени пет милиони денари помалку средства.