Во духот на пораката од Светската Федерација за хемофилија „Вашите постапки денес. Нивна иднина за утре!“ (анг. “Your action today. Their future tomorrow.”) Рош Македонија организираше регионална кампања за одбележување на Светскиот ден на хемофилија со цел поддршка на сите лица со хемофилија и со кој било друг тип на коагулопатија.
Инаку, хемофилијата е исто така позната како кралска болест која претстаавува наследно нарушување на коагулацијата кое значително влијае врз кваалитетот на живот.
Во кампањата беа вклучени лекари од Северна Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора кои порачаа дека COVID-19 е нашата нова реалност со која треба да научиме да живееме, а лицата со хемофилија и понатаму имаат потреба од соодветна терапија и нега. Заедно да придонесеме кон достапност до терапија за сите лица со хемофилија со цел долготрајно подобрување на квалитетот на нивните животи. Во регионалната кампања учествуваа и лица со хемофилија токму од овие земји, кои споделија дел од нивната приказна и живот со хемофилија.
Тие ги споделија предизвиците со кои се соочуваат како и ограничувањата кои ги носи оваа состојба.