Ситуацијата со ковид 19 и соевите кај нас е сега мрна и затоа ставаме акцент на вакцинацијата за да се спречи нов бран, кажа министерот за здравство Венко Филипче.
-Нема никаква логика за едни граѓани да се бара, а за другите да не се бра тест ако граѓаните биле во странство.Ситуацијата кај нас е сега мрна и затоа ставаме акцент на вакцинацијата за да се спречи нов бран.Во Британија има зголемување на бројот на позитивни лица, но битно е дека нема смртни случаи.Веројатно ќе има нови соеви и мутации, но со рестрикции не може да живееме,вака само ќе го вратиме во нормала живот, кажа Филипче.
До крајот на летото можеме да се надеваме на колективен имунитет.
-Навистина охрабрува големиот одзив кај граѓаните за теренската вакцинација. Секоја чест и за сите колеги здравствени работници кои се вклучени во оваа операција. Граѓаните масовно да се вакцинираат, имаме одличен напредок во бројките на вакцинирани. Само со ова темпо можеме до крајот на летото да се надеваме на колективен имунитет, порача Филипче.