Со руска помош против криминалот и корупцијата- Зврлевски потпиша Спогодба за соработка со обвинителството на Русија

од desk3
79 прегледи

Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски вчера во Москва се сретна со Генералниот обвинител на Руската Федерација Јуриј Чајка, со кого потпиша Спогодба за соработка помеѓу Јавното обвинителство на Република Македонија и Генералното обвинителство на Руската Федерација.

rusija-1-300x211

Документот предвидува можност за соработка од различен формат во повеќе области од надлежност на обвинителствата, а пред се во борбата против организираниот криминал, борбата против тероризмот и корупцијата, како и при укажувањето на правна помош за кривични прашања.

(ВИДЕО) Анкетната комисија денеска остана и без сведоци и без дневен ред

0812154-300x211

Во своето обраќање, јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски ја нагласи важноста на меѓународната соработка, истакнувајќи дека искуството на Русија во борбата против тероризмот, екстремизмот и корупцијата може да биде исклучително полезно за македонските институции.

0812155-199x300

Генералниот обвинител на Руската Федерација Јуриј Чајка, пак, изрази увереност дека практичната реализација на Спогодбата ќе ја издигне соработката меѓу двете обвинителства на квалитетно повисоко ниво и ќе промовира координиран пристап во решавањето на проблемите со кои се соочуваат обвинителите. Тој додаде дека обвинителствата на Русија и на Македонија имаат потенцијал за натамошен развој на соработката и на меѓународно ниво, пред се во рамките на Советот на Европа и на Меѓународната асоцијација на обвинители.