186
„Во тек е имплементација на капиталниот проект за изградба и санација на локални патишта и улици во општините, со кој обезбедуваме подобра инфраструктура во општините и го олеснуваме животот на граѓаните“, изјави Благој Бочварски, Претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.
„Со 70 милиони евра директна помош за општините во наредниот период планираме да реконструираме околу 450 километри локални улици и патишта во сите 80 општини во државата“, посочува тој.