Со секира ни го нападнаа клубот „Цар Борис Трети“, велат од фондацијата на Врабевски

од Nikola Popovski
188 прегледи

Фондацијата ,,Бугарска меморија” на чие чело е бизнисменот Милен Врабевски, кој стои позади и ги финансира бугарските клубови во земјава, информира дека клубот во Охрид, „Цар Борис Трети“ бил нападнат со секира од непознат сторител.

-Вандалскиот чин започна додека во клубот се одржуваше средба меѓу членовите на здружението и посетители надвор од земјата. Според очевидци, од надвор почнале да се слушаат извици „фашисти“, а кратко потоа следеле удари со секира на таблата на клубот. За среќа, сите присутни биле неповредени, а штетата била само материјална. Полицијата е веќе на лице место и врши увид. Според непотврдени информации, насилникот им е познат на органите на прогонот, соопштија од фондацијата.

Од таму додаваат дека Врабевски ќе ги покрие трошоците за штетата и најостро го осудуваат, како што велат, ваквиот чин на провокација.

Новоотворениот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид и понатаму ја бранува македонската јавност.

-Нашиот клуб и нашите активисти во Охрид денеска беа нападнати. Влезот во клубот е уништен. За среќа нема повредени, полицијата е веќе на терен, напишаа на својот Фејсбук профил од здружението „Цар Борис Трети“.

Клубот еше отворен пред пет дена, а на денот на отворањето пред просториите се одржа протест организиран од политичката партија Левица, а поддржан од ВМРО – ДПМНЕ. Револтираните граѓани го изразија своето незадоволство против, според дел од нив, името на клубот.

Слични содржини