Сликите кои се граничат со неверојатното ни доаѓаат од Иран, каде фудбалската репрезентација на оваа земја на 29 март го одигра последниот квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Иран славеше против Либан со 2:0, го потврди првото место во групата А и директен пласман на прегледот на најдобрите репрезентации во светот, но наместо да слави, јавноста се згрози од случувањата пред стадионот.
Неколку илјади Иранки се обиделе да влезат на трибините на стадионот „Имам Реза“, но организаторот на натпреварот во Машад донел одлука да им забрани пристап.
Откако следела бурна реакција и негодување, интервенирала полицијата и ги принудила Иранките да се вратат назад со употреба на солзавец.
تجمع زنان پشت درهای ورزشگاه مشهد: pic.twitter.com/DoLjmTnjIn
— Arash Hashemi • آرش هاشمی (@iaaraash) March 29, 2022
Настанот речиси сигурно ќе предизвика жестока реакција на ФИФА, која веќе интервенираше и побара од иранските власти да им дозволи влез на жените на стадионите, откако Сахар Кодаџари се самоуби со самозапалување бидејќи се плашела дека ќе заврши во затвор на многу години.
ФИФА изврши притисок врз Иран, кој помина без сериозни санкции, но ова може да биде настан низ кој ФИФА нема да прогледа низ очи, па после истрагата последица може да биде исфрлање на земјата од Мундијалот.