Со специјален лет граѓаните кои се во Словенија се враќаат дома

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Со специјален лет на компанијата Виз Еир, околу 130 наши граѓани кои престојуваа во Словенија се враќаат дома во Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, авионот претпладнево полета од аеродромот Берник, а во него беа оние кои поради епидемијата на коронавирусот сакаа да се вратат дома.

Сите тие претходно дале согласност дека ќе останат 15 дена во државен карантин.

Во организирањето на летот учествуваа Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Северна Македонија во Словенија чии претставници лично ги испратија нашите граѓани до аеродромот.

Слични содржини