Со старите хермелини пренаменети во пожарникарски возила, државата заштедила десетици милиони евра, тврди Мицкоски

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Со 38 возила кои се ставени во употреба за гаснење на пожарите многу поподготвени ја пречекуваме сезоната на пожари којашто очекуваме да се случи многу скоро, односно таа е веќе во тек, веќе се појавуваат одредени пожари на одредени делови од територијата на државата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Фото: Влада

Фото: Влада

-На овој начин можам да кажам дека државата заштедува неколку десетици милиони евра. Неколку десетици милиони евра е заштедата, а да не зборувам колку капацитетите се зголемени. Патем можам да кажам дека оваа недела треба да стигне од сервис и вториот авион којшто беше на сервис, третиот го очекуваме да дојде некаде до крајот на месецот или почетокот на август. По два полициски и армиски хеликоптери се исто така подготвени за справување доколку има пожари и огнена стихија, така што кога би се споредило со минатото навистина не можеме да правиме споредба оваа година, кажа Мицкоски.