Со субвенционираната струја пекарите плаќаа сметки речиси како за домаќинства, а не ја намалија цената на лебот, вели Николовски

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Кога цената на енергенсите, односно на струјата и гасот, беше највисока ние на барање на 240 компании како Влада помогнавме во производствениот процес со поевтина струја за прехранбената индустрија, потсети заменикот министер за финансии Филип Николоски во гостувањето во ТВ21.

-Над 300 евра за мегават час беше струјата на берзите во тој период во ноември минатата година, а тие добија до 80 евра за мегават час, што е скоро како за домаќинствата. Од нивна страна, од страна на компаниите, беше ветено дека со ваквата цена на струјата ќе ги намалат цените на производите за 10 до 15 проценти. Поминаа неколку месеци и ние не видовме намалување од страна на овие компании. Затоа решивме лебот да се фиксира на 33 денари, кажа Николоски.

Тој додаде дека за оваа мерка од буџетот беа одвоени три милиони евра пари на граѓаните.

-Од денеска цената е 33 денари и од втората половина на денот леб имаше во маркетите на рафтовите. Овие компании наредните три месеца ќе треба да продаваат по оваа цена од 33 денари, кажа Николоски.

Слични содржини