Со супервештачење ќе се утврдува одговорност за случајот со родилката која остана без три органи

од Nikola Popovski
258 прегледи

Во Основниот суд Струга, денеска продолжи судењето за родилката Јилдз Веапоска од Дебар, која при породување во 2020-та година во струшката болница, остана без три органи бубрег, јајници и матка. На последното рочиште во февруари годинава по барање на одбраната беше презентирано ново вештачење, кое беше контрадикторно со првото вештачење на судска медицина.

Денес беше одлучено дека судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети за отстранувањето на три органи, ќе продолжи со супер вештачење.

Супер вештачењето треба да го прави судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје. Тоа, според директорот на Институтот за судска медицина професор доктор Александар Станков, треба да го направат три вешти лица.

„За жал законот е таков каков што е, овозможува вештачење од вештак поединец се споредува со вештачење направено од институција и тројца професори, а со тоа му дава право на Судот да побара изготвување на суперв ештачење кога имаме спротивни вештачења“, вели Станков.

Судскиот процес со родилката, на која по породувањето со царски рез, во Болницата во Струга и беа отстранеи матка, јајник и бубрег трае две години, во кои се променија тројца судии. Оштетената вели дека сето тоа лошо влијае врз неа и нејзиното здравје, но очекува правдата да биде задоволена.

Според обвинението, првообвинетиот Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асани специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата Лилјана Јованоска, лекар-гинеколог акушер се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето и примена на неподобни средства при лекување.

Слични содржини