Со свој камен по своја глава- виновна ли е Анкара поради ИД?

од desk3
91 прегледи

Познато е дека долго време Турција ги поддржуваше противниците на сирискиот претседател Асад. И може да не се покажат сосема неосновани сомнежите дека Анкара правела тајни договори со “Исламска држава”-пишува DW.

0,,19128689_303,00

Пет лица загинаа во самоубиствениот бомбашки напад на најфреквентните трговска улица во Истанбул. Ден подоцна владата во Анкара соопшти дека атентаторот е идентификуван: станува збор за роден во 1992 година турски борец на терористичката организација “Исламска држава” (ИД). “Истрагата покажува дека терористот бил во врска со терористичката организација ИД”, изјави турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала за новинарите во Анкара.
Овој напад, како и извршениот во почетокот на јануари, при што во близина на “Сината џамија” загинаа осум германски туристи, е уште еден сигнал за тоа дека т.н.. “Исламска држава” ја приклучува кон непријателите и Турција. Од речиси една година и половина, земјата учествува во антитерористичката коалиција против ИД. И оттогаш за џихадисти таа е дел од западната унија, со кој тие се во војна.

Пад на барањата за азил во Белгија

“Исламска држава” врши напади во Турција од летото минатата година. Во јули 2015 година во источниот турски град Суруч, лоциран на десет километри од сириската граница, самоубиствен бомбаш се разнесе, загинаа 34 лица – главно млади луѓе. Според турската влада, и за овој напад е одговорна ИД.

0,,18050162_401,00

Противречен однос

Долго време односот на Турција кон ИД беше двоен. Турската влада ги разгледуваше џихадистите како алатка за интервенција во сириската граѓанска војна. “Целта на Турција беше да ги поддржи оние сили во Сирија, кои се против претседателот Башар Асад”, појасни во средината на јануари пред списание “Шпигел” исламологот Вилфрид Бухта.

“Многу веројатно е Турција да ја поддржала тајно ИД – пример логистичко”, вели Бухта.

Нема точни податоци колку голема била таа поддршка. Во јануари 2014 година, турската полиција тајно испрати во близина на сириската граница камион со тешка воена опрема. Турската влада ги отфрла обвинувањата дека пратката била наменета за ИД, и тврди дека е поддршка за сојузниците со Турција- туркменските борци.
Нелегални трансакции со ИД
Кон Турција неколкупати биле пренесени обвинувања дека е вмешана во илегални нафтени зделки со ИД. “Турција е главен купувач на нафта украдена во Сирија и Ирак од џихадисти од ИД”, изјави деновиве во Москва рускиот заменик-министер за одбрана Анатолиј Антонов. “Според достапните информации, во овие договори се вмешани и политичкото раководство на земјата, и лично претседателот Ердоган и неговото семејство”, додаде тој. Повеќе детали не беа соопштени.

0,,19126974_401,00

САД ги одбранија Турција против овие обвинувања. Но постојат докази дека турски приватни лица се вмешани во нелегалните нафтени зделки со ИД. Истражување на универзитетот Гринич цитира податоци за ваква дејност – особено во турското пристаниште Чејхан, јужна Турција.

Долго време млади засилувања од Европа за ИД преминуваа преку Турција на пат за Сирија. Контролата на граничните премини доста време беше намалена. За оваа причина, тешко е категорично да се каже кој по каква причина одел во Сирија. Граѓаните на ЕУ сепак можеа без проблеми да патуваат за Сирија преку Турција, како и, повторно преку Турција, да се враќаат оттаму, наведува во својата книга “Исламска држава” исламологот Бехнам Т. Саид.

Идеолошко сродство
Не е соодветно Турција да биде обвинувана за поддршка за ИД, пишува публицистот Мустафа Акио на сајтот на телевизијата Ал Џезира. Сепак, може да се тврди дека Турција доста време ја потценуваше опасноста која произлегува од “Исламска држава”. Отпрвин земјата се интересираше главно од режимот на Асад, кој го смета за сериозен противник, и ги перцепираше џихадистите повеќе како инструмент против Курдите, посочува публицистот. Заедно со ова, исламистичко-националистичката Партија на правдата и развојот е убедена дека сите проблеми на Блискиот Исток се создадени од западни сили, и дека нема исламска сила која ја загрозува Турција.

Дел од турското население сепак храни симпатии кон ИД. Анкета од август 2014 година на Институтот за истражување на јавното мислење Метропол покажува дека над 11 отсто од Турците не ја сметаат ИД за терористичка организација. “Многу сунитски шовинисти во Турција ги сметаат за еретици шиитите, убивани од борци на ИД”, напиша турскиот публицист Барак Бекдил во списанието Middle East Quarterly.
Тоа е позадината, на кој беше извршен последниот напад во Истанбул. Колку Турци се приклучија кон ИД, не е познато. Но нивниот број треба да е доволно голем, па и понатаму да се очекуваат нови напади.