Со теренската вакцинација ќе се имунизираат граѓаните од руралните и непристапните средини, информира Филипче

од Nikola Popovski
176 прегледи

Кон средината на месец јули ќе започне теренската вакцинација, со што целта е да се опфати поголем број на граѓани како и оние во руралните и непристапни средини, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната Трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ на која учествувал заедно со претседателката на Комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, проф. д-р Драган Даниловски епидемиолог и д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика.

Тие ги разгледале сите аспекти во врска со вирусот Ковид-19, моменталната состојба, вакцините и колективниот имунитет кој очекуваме да го стекнеме во периодот што следува.

„За да се прогласи крај на една пандемија, треба два циклуси од 14 денови, да нема дијагностицирани случаи и има некои предвидувања кога тоа би можело да се случи кај нас. Ако продолжат овие трендови тоа би требало да се случи некаде кон крајот на август или почетокот на септември“, наведе министерот.

Слични содржини