Директорката на УЈП, Сања Лукаревска во гостувањето во „Топ тема“ кажа дека власта повторно би вовела „Викенд без ДДВ“.
-„Викенд без ДДВ“ имавме во 2020 година, а сега и е по барање и на опозицијата. Првично кога беше направивме таков викенд, солидно помина мерката и со неа овозможуваме да се олесни куповната моќ кај потрошувачите, рече Лукаревска.
Говорејќи за приходната страна на буџетот, таа кажа дека имале обврска од јануари до ноември 2022 година да се соберат 94,6 милијарди денари, а биле собрани 94,8 милијарди денари.
-Имаме стопроцентна реализација, рече Лукаревска, негирајќи дека даночата реформа ќе има главна улога врз приходната страна на буџетот. Директорката на УЈП вели дека главна цел на даночната реформа е намалување на сивата економија.
-Ако некоја од мерките од даночната рефора не ги дава резултатите ние веднаш ќе алармираме во Министерството за финансии. Такви бројки би знаеле кон март. На почеток на тековна година треба да се донесе даночна реформа, многу е посложено кога тоа е во тек на фискална година, истакна Лукаревска.