Со витамини и минерали во борба против уморот

од desk4
317 прегледи

Не внимавате што јадете? Подгответе се за жестока борба против уморот!

 


Храната која ја јадеме содржи одредени витамини и минерали кои можат да влијаат на нашата способност да имаме доволно енергија во тек на целиот ден. Железото на пример пренесува кислород од црвените клетки до нашите мускули, а може да го најдете во блитвата, спанаќот, семе од сусам и маслинки.
Од друга страна витаминот Б помага во претворање на храната во енергија и клучен е за растот и развојот на останатите важни телесни функции. Можете да го најдете во бројни продуктиод грав и јаткасти плодови па сите меса и разни видови овошје и зеленчук.
Магнезиумот го поддржува имуниот систем и ги спречува воспалителните проццеси, а може да го добиете од семки сончоглед, индиски ореви, црн грав и семки од сончоглед и соја. Калиумот е електролит кој го регулира крвниот притисок, мускулната активност и задржувањето на водата.
Витаминот Ц помага во производство на карнитини, молекули кои му помагаат на телото во согорување на мастите и нивното претворање во енергија. Цинкот влијае на синтезата на протеини и клучен е за правилно функционирање на црвените и бели крвни клетки. Калциумот потребен е за оксидација на липидите, додека бакарот му помага на телото во апсорпција на железото, создавање црвени крвни клетки и одржување на здравјето на нервните клетки и имунолошкиот состав.

 

Слични содржини