Со возило удрил во столб за видеонадзор на ГП „Табановце“

од Nikola Popovski
22 прегледи

Охриѓанец со автомобил „пасат“ удрил во метален столб со камери за видеонадзор на граничниот премин Табановце, соопшти денеска кумановската полиција.

– Вчера околу 18:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на граничниот премин Табановце се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „пасат“ со охридски регистарски ознаки управувано од С.Љ. (59) од Охрид удрило во метален столб со камери за видеонадзор, информираше СВР Куманово.

Во незгодата нема повредени, увид извршила екипа од СВР Куманово.

Слични содржини