Со Законот за амнестија се уништува судството, смета проф. Шкариќ

од Nikola Popovski
205 прегледи

Амнестијата е нужна, затворите се пренатрупани, но страдаат уставното и кривичното право, бидејќи Собранието навлегува во судската власт, смета професорот по уставно право Светомир Шкариќ. Според него, со вакви закони се уништува судството.

„Собранието преку овој закон игра улога на суд. И тоа суд кој суди по кратка постапка. И веројатно без поголема поддршка. Сега имаме парадокс – судски постапки кои траат долго време, бидејќи тоа го бара правдата, некои траат и по 10 години, се води сметка обвинетиот да дојде до израз, да го каже своето мислење. Судијата размислува врз основа на докази каква пресуда да донесе. И одеднаш законот ја укинува таа правосилна пресуда па дури има намера и да ја избрише. Целиот тој судски труд паѓа во вода“, изјави денеска Шкариќ.

Како што вели професорот, правнички исправно е криминалците под надзор да вршат одредена корисна работа место да бидат ослободени, но за тоа треба да се променат постојните закони.

Слични содржини