Со злато украсениот Ламборџини Каунтач ќе биде продаден на аукција

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Да се поседува Ламборџини Каунтач, значи да се има адут кој лесно може да донесе многу пари, а кога тој автомобил е украсен со 23 каратно злато, тогаш тоа навистина е нешто посебно.

Аукциската куќа Стоесбис, на брегот на езерото Комо ќе го продаде Ламборџини Каунтач, чија внатрешност е украсена со злато. Се работи за еден од само два примероци кои се произведени и обоени во бела боја, додека внатрешноста е во бела кожа. Со злато се украсени столбот на воланот, инструменталната табла, рачката на менувачот и друго.

Автомобилот е доставен нов во САД, каде бил неколку години, а потоа бил увезен во Јапонија. Моментално негов сопственик е Холанѓанец, кој го реставрирал.

Ламборџини го покренува атмосферски 5,0 литарски V1 мотор кој развива 450 КС.

Аукцијата ќе се одржи на 27 мај, а се проценува дека автомобилот ќе биде продаден по цена од 475.000 до 575.000 евра.