Унгарскиот десничар Јозеф Зајер, кој неодамна беше фатен од полицијата на геј-оргии, ја напушти владејачката партија на премиерот Виктор Орбан, а во меѓувреме во јавноста протекоа нови детали за овие сексуални забави од кои неуспешно се обидел Зајер, познат по своите жестоки анти-ЛГБТ ставови, да избега кога полицијата упаднала.
Забава на тема „Ноќ на вештерките“
Собата во која била организирана секс-забавата имала украси на тема „Ноќ на вештерките“, со црни пајакови мрежи, черепи со блескави очи, како и розови срциња. Покрај софите, душеци биле расфрлани на подот, според фотографиите објавени од Blikk.
Organisator seksfeest ziet het probleem niet: “We waren heel voorzichtig, iedereen had al corona gehad” https://t.co/R8qHyVZZ5S
— HLN.BE (@HLN_BE) December 2, 2020
Полицијата дошла на повик на соседите кои се пожалиле на бучавата.