Соборување дронови и нови артилериски жртви во Нагорно Карабах

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Воените операции продолжија по должината на линијата на контакт во Нагорно Карабах, а противвоздушните системи на ерменските сили соборија авион и беспилотно летало на азербејџанското воено воздухопловство, изјави портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степанјан.

Како што изјави таа, противвоздушните системи собориле „непријателски авион и беспилотно летало“ околу 7.55 часот. „Обидите на непријателот да ја пробие линијата на фронтот во неколку насоки пропаднаа“, рече таа.

Од друга страна, азербејџанското Министерство за одбрана објави дека азербејџанската армија успеа да преземе контрола над голем број стратешки височини, пренесува ТАСС. Министерството потврди дека воените операции во конфликтната зона во Нагорно Карабах продолжиле утрово и во текот на ноќта.

„Од полноќ до 7 часот наутро беа уништени пет ерменски единици оклопни и автомобилски возила, како и три воени инфраструктури и значителен број непријателски персонал“, се вели во соопштението.

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека од ерменска страна е извршено артилериско гранатирање на населените заедници во областа Агдам, што граничи со спорниот регион Нагорно-Карабах.

„Во овој момент ерменската страна спроведува концентриран артилериски оган врз селото Агдам. Меѓу цивилите има повредени и жртви“, изјави Министерството и додаде дека ќе преземат соодветни мерки, пренесува ТАСС.

Судирите во регионот Нагорно Карабах траат веќе шести ден меѓу ерменските и азербејџанските армии, а цивилните жртви се потврдени од обете страни, потсетува Танјуг.

Слични содржини