Русија може да има значителна улога во решавање на мигрантската криза во ЕУ, изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

Според Соботка, Русија како посредник може да го искористи своето влијание за што побрзо решавање на вооружениот конфликт во Сирија, пренесува ТАСС.

putin-assad_2577178k

– Решавање на конфликтот во Сирија е еден од клучните предуслови за решавање на мигрантската криза. Неопходно е вклучување на Русија во меѓународните напори со цел ставање крај на војната во Сирија, изјави Соботка.

Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговата влада, според Соботка, треба да бидат активни учесници во решавање на сириската криза.

Чешкиот премиер смета дека Русија може да има значително влијание на ставот на официјален Дамаск.

Слични содржини