Собрани сите документи: Следната недела започнува реконструкцијата на Универзална сала

од Nikola Popovski

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска на прес-конферемција информираше дека се собрани сите потребни документи за Универзалната сала во Скопје и веќе наредната недела изведувачот ќе почне со работа.

-Поминавме еден многу интересен период во однос на примопредавањето на документацијата со Универзалната сала. Никој не претпоставуваше дека ќе молиме да ни се предаде целосната документација затоа што и нам, на Министерството за култура, ни следуваат рокови. Ги собравме сите релевантни документи по подолгиот и потешкиот пат, рече Костадиновска Стојчевска на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Таа посочи дека останува уште да се потпише договорот за банкарска гаранција и веќе наредната недела изведувачот таму ќе почне со работа. Како што подвлече, процесот е затворен и ќе може да се почне со реконструкција.

-Веќе наредната недела изведувачот ќе почне да го расчистува објектот и да гради, затоа што ги имаме парите, ги обезбедивме и ги завршивме сите потребни процедури и крајно време е таму да започне работата. Но, ни крај памет на мене како министерка а верувам ниту на граѓаните не им беше дека за еден ваков проект, кој што навистина не треба да биде предмет на некакво препукување, ќе треба да молиме за целосна документација, додаде Костадиновска Стојчевска.

Слични содржини