Денеска пратениците ќе дискутираат за предлогот за избор на Ристо Пенов за министер за локална самуправа. Изборот на Пенов е на дневен ред на продолжението на 88. седница, на која денеска се најавува и присуство на премиерот Димитар Ковачевски.
Пенов е поранешен пратеник и градоначалник на Скопје. Еден од основачите на Либерално-демократската партија и нејзин поранешен претседател. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје, а дипломирал на Економскиот факултет.
Досега не бил министер или функционер во владата, а во два мандати до 2011-та година беше пратеник. По смената во ЛДП таа година, Пенов повеќе време посвети на бизнисот отколку на политиката во која не беше активен.
Тој е предложен за ова министерско место откако досегашниот министер за локална самоуправа Горан Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата од лични причини.