Собранието денеска нема да го добие предлогот за нов гувернер на Народната банка, кој требаше да го достави претседателската Сиљановска- Давкова. За четири дена истекува мандатот на Анита Ангеловска-Бежовска, а во трката за челната позиција на институцијата заедно со нејзиното име сè уште тројца кандидати.
Во текот на вчерашниот ден, таа направила разговори со тројца кандидати, меѓу кои актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, со Трајко Славески и со Зоран Ставрески.
Според опозицијата, треба да се видат предлозите. За лидерот на СДСМ, Венко Филипче тоа што се одолговлекува и што досега нема никаква предлози во јавноста е знак дека има сериозен партиски притисок од страна на ВМРО-ДПМНЕ во селекцијата на предлозите за гувернер на Народната банка.