Собранието денеска по итна постапка за измените на законот за азил

од Vladimir Zorba
137 прегледи

На денешната седница на Собранието на Македонија единствена точка на дневниот ред е расправата за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита, по скратена постапка. Според предложените измени, меѓу другото,  странецот се евидентира и се упатува во рок од 72 часа да поднесе барање за признавање право на азил. Доколку не го стори тоа со него ќе се постапува согласно прописите за странците.

2D56A70A-5B24-4737-AE19-9780319D1E73_w308_h173

Според МВР, од почетокот на годинава, досега, околу 30 мигранти, главно од Сирија и Авганистан, ги загубиле животите во несреќи на македонските пруги. Народниот правобранител го покрена и прашањето за нивниот третман во Центарот за мигранти во скопската населба Гази Баба.

misini_0

Аналитичарот Суад Мисини веќе четврти ден штрајкува со глад спроти Собранието и планира да го радикализира протестот и да не пие вода. Тој бара похуман третман на мигрантите и нивна заштита, како и пуштање на слобода на лицата кои се сместени во центарот во Гази Баба.

Мисини им обрнува внимание на пратениците оред денешното гласање на законот, да внимаваат на делот кој се однесува на ограничување на слободата на азилантие,бидејќи во новите измени на законот се посочува дека полицијата треба да го спроведе азилантото кој ќе има моѓност да се пријави на граница , а не сам да користи јавен превоз, до прифатниот центар  што повторно значи ограничувње на неговата слобода на движење