Пратениците на собраниска седница денеска ги изгласааа предлог-измените на Законот за азил. Измените се усвоија со 69 гласа „За“ и ниту еден против.За примена на Законот треба да се чека седум дена,, објава во Службен весник, меѓутоа во пракса веќе им се дадени интрукции на полицајците и скоро сите мигранти кои денеска транзитираат низ земјава се качуваат во возовите.

Новите измени предвидуваат мигрантите кои ќе ја поминат границата за 72 часа или да ја напуштат Македонија или да побараат азил од првиот полицаец што што ќе го сретнат, а за време на нивниот престој ќе имаат право да користат јавен превоз.
Од министерството за здравство денеска информираа дека донесена е одлука да се вакицинираат сите мигранти кои ќе престојуваат во Македонија, а комисијата за заразни болести подготвува план за имунизација.
Од почетокот на годинава, досега, околу 30 мигранти, главно од Сирија и Авганистан, ги загубија животите во несреќи на македонските пруги, и патишта