Собранието ги констатираше оставките на Јанкулоска и Јанакиески

од desk3

jankuloska.janakieski

Собранието денеска ги констатираше оставките на министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а премиерот Никола Груевски го образложи предлогот на нивно место да бидат избрани Митко Чавков и Владо Мисајловски.

“Се работи за личности кои дадоа огромен личен влог, во разојот стабилнота и безбедноста на државата. Јанкулоска и Мијалков беа осум години на многу ризички и тешки за раководење позиции. Покажаа професионалност и патриотизам, смиреност, неверојатна лојалност кон државата и секогаш да застанат под браникот на татковината. Под нивно раководство граѓаните видоа како на најсложените и најкомплицираните предизвици како и псоледната успешна акција во Куманово, тие секогаш цврсто стоеа зад интересите на макеоднскиот народ, но и заштитата на безбедносните сили на Македонија. Тие се бореа за нив, а не праќаа насилници да ги навредуваат.Акциите на Јанкулоска и Мијалков ќе влезат во учебниците како пример за идните генерации, а благодарение на посветеноста на Јанакиески, градежништвото придонесе најмногу за целокупниот раст на целата економија.”

Груевски во своето обраќање посочи дека Чавков и Мисајловски се искусни и способни луѓе кои ќе можат да ги предводат МВР и Министерството за транспорт и врски.

На седницата присуствуваат 79 пратеници, и тоа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ДУИ, ДПА и трите независни пратенички.

Слични содржини