98
Македонското Собрание денес ги ратификуваше договорите од иницијативата Отворен Балкан со што се создаваат условите за почеток на имплементацијата на проектот за слободен пазар на труд меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија.
Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан ќе им овозможат на граѓаните од трите земји да работат во која било од нив без посебни работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци.
Дополнително олеснување ќе обезбедат и договорите за признавање на дипломи и професионални квалификации.