Собранието го избра Коцевски за нов државен јавен обвинител

од Nikola Popovski
265 прегледи

Со 62 гласа „за“ Собранието го избра Љупчо Коцевски за нов државен јавен обвинител. Исто така едногласно, но со 63 гласа „за“ Собранието во рамките на 140-тата седница го избра и Игор Ивановски за член на Совет за експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

На огласот за нов државен јавен обвинител пријавени беа тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство.

Коцевски е адвокат од 1995 година, а во 2008 е избран во вишото обвинителство во Гостивар. Пред две години е унапреден во Републичкото обвинителство.

Претходниот државен обвинител, Љубомир Јовески, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година. До моментов, в.д. републичка обвинителка на местото на Љубомир Јовески беше обвинителката Соња Симовска.

Слични содржини