Собранието го усвои петтиот пакет економски мерки

од Andreja Salpe
333 прегледи

Со 113 гласа „За“  денеска Собранието ги изгласа трите закони од петтиот пакет економски мерки за помош на граѓаните и фирмите погодени од пандемијата на ковид-19.

Станува збор за Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.

Претходно пак, се одржа и 32-та седница на која се гласаше за 20-тина точки, за кои расправата беше одамна завршена. На оваа седница присуствуваа пратениците од мнозинството, двајцата пратеници на Левица, како и пратениците од албанската опозиција. Сите точки на дневниот ред поминаа со 62 гласа „за“, колку што изнесува парламентарното мнозинство.

 

Слични содржини