Собранието ќе ја оддржи 32. седница, продолжува расправата по одредени и гласањето по други законски расправи

328 прегледи

Денес Собранието на С.Македонија ја продолжува својата 32. седница, каде на дневен ред ќе се најдат 47 точки.

За потсетување, вчера немаше доволен број на пратеници за гласање во салата, па оттаму иако завршена расправата не остана без гласање по однос на повеќето закони кои се дискутираа вчера во законодавниот дом.

На дневниот ред на вчерашната седница беа предлог-законите за измени на законите за детективска дејност и за гранична контрола, како и за измените и дополнувањата на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства.

Исто така, пратениците ја завршија и расправата за Дополнетиот предлог на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како и за дополнетиот Предлог на законот за рамномерен регионален развој, по кои, исто така, ќе се гласа дополнително.

На 32. седница на дневен ред се Предлог на одлука за одобрување на Годишната програма за работата на Агенцијата за пошти за 2021 година, Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2021, Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењето на осигурителниот пазар во Македонија во 2019 година, Годишниот извештај за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година, Годишен извештаја на Агенцијата за електронски комуникации за 2019 година, Извештај за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2019 година и други.

Слични содржини